Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Со воведување на Управување со случај во Центрите за социјални работи обезбедуваме полесен пристап до социјалните услуги за граѓаните

Министерството за труд и социјална политика ја спроведува втората фаза од обуките за водење на случај и докуметација, којшто е нов метод на работа предвиден со социјалната реформа и во пракса треба да профункционира кон крајот на годинава. Во обуките се вклучени 650 вработени од сите центри за социјални работи и Агенцијата за вработување.

„Воведувањето на управуавњето со случај и новата документација се дел од севкупната реформа на системот на социјалната заштита, со кој корисникот и неговото семејство се во центарот на вниманието и нивните индивидуални потреби ќе бидат основа за обезбедување на правата и услугите кои се предвидени во новиот Закон за социјална заштита. Дoполнително со овој принцип на работа се зајакнува соработката помеѓу Центрите за социјална работа и Центрите за вработување преку активацијата на корисниците на ГМП, каде со координирана и заедничка акција ќе понудат мерки и активности за зголемување на вработливоста и како крајна цел вработување на корисниците на правата од социјална заштита, со што трајно треба да излезат од кругот на сиромаштијата“ наведува МТСП.

Од министерството додаваат дека како дополнителна поддршка на новиот метод на работа на Центрите за социјална работа, а во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита, односно сервиси блиски до граѓаните се отвораат и општински канцеларии за социјална работа во сите 80 општини во државата. Истовремено, како што велат, тече јавниот повик до општините за пројавување на интерес за развој на социјални услуги во локалните заедници, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра од заем на Светска Банка.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +