Кога во 2017 година ја презедовме одговорноста, земјоделците беа поделени и имаше селективна исплата на субвенциите и државната помош. Државата беше заробена, заробени беа и институциите, но овие две и пол години направивме многу, ги зголемивме субвенциите онака како што ветивме и постојано ги следевме барањата на земјоделците, порача членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски.
Тој истакна дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ е разобличена целосно, дека тие иако организираат протести, на нив недостасуваат вистинските земјоделци.
Минатата година воведовме пет интервентни мерки а 14 милиони евра се исплатени конкретно за Кавадарци. Тука е и заборавениот наследен долг кој го имаа винариите Повардарие и Стефани, долг кој го исплати оваа Влада. Ако претходно, 20 посто од ИПАРД фондовите беше искористен, ние успевме 70 отсто да искористиме, истакна Димковски.
12 април е клучен , ова се што го работиме досега, ќе продолжиме да го работиме и понатаму, развојот и економијата се нашиот приоритет. Имаме силна поддршка од eвропските фондови, за осовременување на опремата за поуспешно земјоделство, на прав пат сме, заврши Димковски.