22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Анѓушев: Реалните бројки потврдуваат дека нема поуспешни 2 и пол години во историјата на државава од последниве

Бројките се тие кои го покажуваат успехот на реалната економија. Бројките говорат за тоа дека претходно за 5 години, претходната власт донесе 23 странски инвестиции вкупно. Сега, за само 2 и пол години ние донесовме 30 странски инвестиции, тоа се бројки со кои треба да се гордееме, истакна вицепремиерот Анѓушев од вечерашната трибината На прав пат во Кавадарци.

Тој посочи дека минатата недела била пуштена една фабрика, а следната недела веќе треба да се пушти нова, како и дека 15 фабрики се градат во моментов.

Во 2 и пол години се вработија 54.000 луѓе , кои не се во администрација. Тоа се луѓе кои се вработени во инвестираните капацитети во државата.-рече Анѓушев.

Денеска имаме нето плата која е над 25.000 денари. Платата порасна за 2 години за 10 посто. Во дел тоа можеби се должи на порастот на минималната плата, но во суштина тоа го направи реалната економија и развојот на пазарот на трудот, преку отворање на работни места, каде истовремено расте конкурентнста и се качуваат платите, посочи Анѓушев.