Тешко повреден маж во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Гостивар – с.Градец. Несреќата се случила помеѓу автомобил „опел зафира“, управувано од Х.И.(62) од с.Врбјани и автомобил „фолксваген голф“, управувано од Н.Б.(61) од с.Добри Дол.
По незгодата, Х.И. бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Гостивар./Makfax