На улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, 28-годишен мотоциклист вчера управувајќи мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и паднал.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје, за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје./Makfax