Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Филипче: Мерката со укинувањето на квотите покажува одлични резултати

Во самите аптеки фармацевтите укажуваат дека нема повеќе метеж, турканици, паника кај пациентите. Во кој било ден од месецот пациентите доаѓаат до потребниот лек со рецепт и тоа навистина се чувствува, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, при денешната посета на аптеки во градот Скопје.

Тој потсети дека проектот почна како пилот-проект за време на летните месеци во туристичките места Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија. Мерката, додаде Филипче, покажа одлични резултати и пациентите во тие региони и градови се задоволни.

„Со имплементирање на оваа мерка имаме задоволни пациенти и граѓани на територијата на целата држава. Мерката што одамна требаше да биде имплементирана оваа Влада ја имплементира со цел да го подобри пристапот до потребната терапија и квалитетот на здравствена заштита“, потенцира министерот Филипче и додаде дека ова е само еден сегмент од комплетната реформа која се имплементира на ниво на примарна здравствена заштита.

Тој најави зголемување на капитациите и бенефит на матичните примарни лекари, кои со години немаа зголемување на капитацијата. Со оваа мерка, рече Филипче, ќе се овозможи подобра работа, надградување на условите и опремата во кои работат матичните лекари, а бенефитот ќе го почувствуваат пациентите.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК