22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Грејлинг ја доби наградата „Глобална агенција за односи со јавност” за 2019 година

Грејлинг е почестен што ја доби наградата Глобална агенција за односи со јавност за 2019-та година на галата на Глобалните награди SABRE, чиј домаќин беше Holmes Report што се одржа во Вашингтон. Локалната агенција за односи со јавност  Елемент ПР е партнерот на Грејлинг, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 8 години.

Грејлинг беше признат за растот на своите активности во областа на односите со јавност, особено во европскиот регион, како и за градење силни стратешки партнерства на глобално ниво. Ова придонесе за доставување извонредни решенија за повеќе големи меѓународни клиенти.

„Ние сме навистина горди и почестени што ја добивме оваа престижна награда“, рече Расел Патен, претседател на Грејлинг. „Горди сме затоа што без нашите консултанти, најдобри во својата класа, и секако нашите клиенти, не би биле тука денес. Повеќе од што било друго, тоа е одраз на квалитетот на работата што им ја пружаме на нашите клиенти, што е насочено кон темелно истражување, стратешки увид, јасно разбирање на барањата на нашите клиенти и нашата посветеност да имплементираме решенија кои се долгорочни и носат бенефит за двете страни.”

Од гледна точка на локалниот пазар, без разлика дали е во Шпанија, Вашингтон, Сингапур или Букурешт, станува се поважно да се биде дел од глобалната мрежа, истовремено додека си лидер на локално ниво. Сонцето никогаш не заоѓа за Грејлинг!

„Стручноста и опфатот на нашите тимови им даваат незаменлива вредност на нашите клиенти, кои многу често се соочуваат со прашања што ги надминуваат националните граници“, истакна Бен Петер, директор на мрежата, која ги надгледува 11-те канцеларии на Грејлинг низ Централна и Источна Европа. „Нашата способност да ги координираме кампањите кои ги застапуваме на повеќе пазари истовремено, значи дека можеме да бидеме многу повеќе од само збир на нашите канцеларии“.

Претходно оваа година, Грејлинг беше прогласен за најдобар во консултантски услуги за односи со јавност од страна на ЕМЕА. На европските единици за ПР им беа доделени и „Кампања на годината“ за кампања поврзана со Брегзит и Агенцијата за ПР на годината (2016) како дел од „Наградите за ПР Европа“, еден од најважните настани во ПР индустријата. Канцеларијата на Велика Британија исто така ја доби наградата за консултантски услуги во областа односи со јавност за 2016-та година.

Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар, заедно со Косово и Албанија е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе 8 години.