23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Александар Јосифовски и поставил ултиматум на својата мајка пред да влезе во „Гранд“

Единствениот Македонец кој во 14-та по ред сезона на најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да ги добие сите можни гласови од членовите на строгото стручно жири, Александар Јосифовски пред да се пријави за учество и поставил ултиматум на својата мајка.

Имено, неговата мајка имала голема желба да се пријави и биде дел од ова големо шоу, но Александар и рекол дека ќе се пријави само под услов ако и таа се врати на сцената и повторно работи на нов музички материјал.

Малкумина знаат дека негова мајка е познатата фолк пејачка Елизабета Јосифовска која уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем го посакувам“ буквално ја освои публиката на реномираниот фестивал „Тримери“ во Струмица, а на нејзина сметка постојано пристигнуваат големи пофалби од целиот регион.

Елизабета ја прифатила понудата и веднаш снимила нов спот за легендарната песна, а Јосифовски пред само неколку дена успешно започна да го трасира својот пат под музичкото небо изведувајќи ги маестрално „Једина“ на Владо Георгиев и „Угаси ме“ од групата Парни Ваљак. Во наредните месеци тој ќе работи со рок ѕвездата Ѓорѓе Давид Николиќ, бидејќи токму него го избра за свој ментор.

Александар Јосифовски има и свој рок бенд кој го носи името „French Olives“ и негови членови покрај Александар како вокал, се и Мартин Милески – гитара, Славчо Китаноски – клавијатури и Климент Боев – тапани.