3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Локално.мк
БИЗНИС

Вчера во штаб, денеска на протести

До редакцијата на Centar.mk пристигна информација дека дел од учесниците на денешниот протест беа личности кои се блиски на ВМРО ДПМНЕ.

Иако дел од демонстрантите денеска негираа дека протестот е политички мотивиран од страна на опозициската ВМРО ДПМНЕ, на протестот можеше да се забележи присуство на поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ од локалната власт.

Сепак дел од нив не знаеја зошто се дојдени, а меѓу нив присутен беше и Александар Трајковски, кој прв го посети експремиерот Никола Груевски во Будимшешта.

Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, поддржано од други земјоделски здруженија,денеска организираше протестен марш во Скопје, сопштувајќи дека земјоделците имале ненавремена исплата на субвенциите и нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година.

Од Министерството за земјоделие реагираа дека се грижат за земјоделците.

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во следниот период ја продолжува политиката за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците. Според динамиката за исплата, се подготвуваат решенијата за исплата на субвенцијата за откупена пченица од домашно производство од родот 2018 година, за што во ребалансот се проектирани 40 милиони денари. Веднаш потоа, следува исплатата на субвенциите за предадени градинарски култури, предадени домати и јаболка, субвенција за површини со поледелски и градинарски култури, овошни и лозови насади, како и за грло добиток. Со ребалансот се проектирани и 40 милиони денари за субвенции за заклани свињи како превенција од појава на болеста африканска свинска чума“, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во врска со денешниот протест на земјоделски здруженија.

„Сумирано, со ребалансот на буџетот, се обезбедени нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови производи. Со оваа сума финансиската поддршка за земјоделството годинава достигнува околу 7 милијарди денари, пари кои директно се враќаат кај земјоделците за да ги инвестираат во новото производство.

Спонзорирано: