Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ШЕСТ ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со забрана

Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ Македонија, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Од приведените, четворица управувале моторни возила без положен возачки испит. Станува збор за 29-годишен жител на Сарај, 49-годишен жител на скопското село Јурумлери, 23-годишен жител на Струга и 37-годишен жител на селото Стојаково, општина Богданци.

Полицијата лишила од слобода и 49-годишен жител на Кукуречани, битолско, кој управувал возило под дејство на алкохол. Меѓу приведените е и 35-годишен жител на струшкото село Велешта, кој управувал возило и покрај изречена активна забрана за управување.

По целосното документирање на сите шест случаи, против возачите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

МУ ДОШОЛ ДОМА, ПА ГО НАПАДНАЛ – Кривична пријава против 41-годишен маж од тетовско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВСКО – Кај 42-годишен маж пронајдена прашкаста материја

ДЕСК

ТРОЈЦА ПРИВЕДЕНИ ВО БЕРОВО – Меѓу нив и 17-годишен малолетник, пронајдена марихуана

ДЕСК