Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по Мицкоски: Понудата на Мицкоски е обнова на грабежот, обнова на осиромашувањето на граѓаните, со СДСМ растатат платите и инвестициите, економијата е на прав пат

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никаков кредибилитет да зборуваат за економија затоа што токму тие преку неодговорните политики го удвоија јавниот долг, економијата ја доведоа до колапс а граѓаните ги осиромашија додека се богатеше фамилијата, се вели во реакцијата на владејачката СДСМ, по пресот на Мицкоски.

Реакцијата ја пренесуваме интегрално:

Понудата на Мицкоски е обнова на грабежот, обнова на криминалот, на расипништвото и неконтролираното задолжување на грбот на граѓаните.

Мицкоски сака да ја врати економијата на -1,8 отсто колку што изнесуваше во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сака да го обнови расипничкото трошење на буџетски пари за барок, споменици и палми.

И ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да понудат ништо што е добро за економијата и државата.

Напротив, тие се против секоја мерка што обезбедува повеќе пари за граѓаните, тие се против раст на минималната плата, против раст на платата во приватниот сектор, против поврат на ДДВ, против отворање на нови работни места.

Наместо празни флоскули и здодевни прес конференции, Мицкоски да учи економија, бидејќи единстевниот допир со економијата му е профитот од бизниските со хидроцентрали што ги доби од својот ментор Груевски.

Денес, економските политики на СДСМ се на прав пат. Економијата расте, минималната плата расте на 14.500 денари, а просечната е во постојан пораст.

Јавниот долг е стабилизиран.

Стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто, а за само две години отворени се над 54.000 работни места, главно во приватниот сектор.

За разлика од деструктивното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК