Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски од трибина во Крива Паланка: Лицемерно е Мицкоски, генералниот секретар на Груевски да зборува за некаква обнова, тоа е обнова само на режимот

Спортската сала „Бранители 2001„ во Крива Паланка вечерва е претесна да ги прими граѓаните од овој град кои присуствуваат на граѓанската трибина „На прав пат“.

Лицемерно е Христијан Мицкоски кој беше генерален секретар на Никола Груевски да излегува во јавноста со парола дека ќе направи обнова на Македонија. Тоа е само обнова на режимот, обнова на криминалот, на грабежот, обнова на се она што лошо и го направија на државата во 11 година. Затоа мотивацијата наша е се поголема, ќе се бориме и нема да дозволиме враќање назад, Македонија е и ќе остане на прав пат порача вечерва потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски во своето обраќање.

Вечерва ја праќаме силната порака дека и Крива Паланка како и цела наша татковина останува на правиот, на вистинскиот пат. Направивме многу во изминатеите 2 години. Го вративме системот кој беше срушен од Груевски, Мицкоски, Мијалков и нивните бандити кои 11 години го рушеа за да изградат режим, додаде Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +