Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска во Брисел на состаноци на Северноатлантскиот совет

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, заедно со министрите за одбрана на земјите членки на алијансата ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет.

По потпишувањето на пристапниот протокол, Северна Македонија активно учествува на сите состаноци на алијансата, а по завршување на ратификацискиот период, нашата земја како полноправна членка ќе има и право на глас. Ова е трето учество на министерката Шекеринска на состаноците во алијансата на највисоко ниво, што покажува дека нашата земја функционира како член на НАТО.

На состаноците министерката Шекерниска ќе го изнесе ставот на Северна Македонија во однос на мисиите и операциите на алијансата, справувањето и градењето отпорност против хибридните закани и за зголеменото буџетирање на одбраната. Дополнително, на состанокот на земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ министерката ќе ја реафирмира поддршката што ја дава нашата земја во оваа мисија преку долгогодишното учество на припадниците на Армијата во сите досегашни мисии на алијансата во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК