Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: НАТО е реалност, стануваме 30. членка

По ратификувањето на протоколот за пристапување во НАТО од страна на Сенатот на САД, нашата држава е де факто 30-та членка на алијансата. 25 земји членки го ратификуваа протоколот за пристапување, тоа е доказ дека реформите се препознаени, тоа е доказ дека државата со СДСМ е на прав пат, соопшти СДСМ.

Според партијата, НАТО не значи само безбедност и сигурност, НАТО значи нов раст на економијата, која ја наследивме со минус 1.8 отсто, а сега имаме раст од 4.1 отсто, НАТО значи нови инвестиции, нови работни места, нов стимул дека сме на прав пат.

„За разлика од периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, нашата татковина е сега е на прав пат.
Цели 11 години државата беше игнорирана и изолирана, денес сме на пат кој води кон интеграција во најмоќните меѓународни сојузи“, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +