13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека токму таа партија стои зад партиските собири на кои нејзини членови глумат земјоделци

– ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека токму таа партија стои зад партиските собири на кои нејзини членови глумат земјоделци. Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во недостаток од реална програма, продолжува преку партиски собири да се обидува да ја искриви реалната слика. Како и на досегашните таканаречени протести, така и за најавениот во сабота ќе недостасуваат вистински земјоделци, бидејќи вистинските земјоделци не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделците се свесни за разликата меѓу партнерскиот однос со Владата предводена од СДСМ и потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон нив.

За само нешто повеќе од две години, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство ги решија сите проблеми наталожени од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Се исплатија заостанатите субвенции, финансиската поддршка се зголеми, се реши проблемот со долговите на лозарите, се инвестира во младите земјоделци и жените од руралните средини и се намалуваат трошоците за производство преку воведувањето „зелена нафта“.

ВМРО-ДПМНЕ е навиканто да лаже и манипулира и тоа го прави и денес како опозиција. Затоа загуби на претходните избори и затоа ќе загуби и на предвремените избори на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат обнова на манипулациите и пристисоците врз земјоделците, граѓаните ќе дадат поддршка на политиките што го носат земјоделството на прав пат.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Ако имало нешто противзаконско во „Еразмус +“ како што зборува СДС, бомбастично ќе ги затвореа луѓето додека беа власт

C +