12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски од трибината во Крива Паланка: Исполнивме многу, нашиот концепт за враќање на парите кај граѓаните дава одлични резултати, тоа е прав пат

За само 2,5 години испорачавме и реализиравме многу мерки во интерес на граѓаните, не само стратешките цели и политики, туку конкретни мерки кои обезбедуваат повеќе пари и подобар живот кај граѓаните, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната трибина во Крива Паланка.

-Почнаме со укинување на таксите, на давачките, ги преполовивме казните, ги преполовивме трошоците за извршители и нотари. Денеска за ова не се зборува, не е тема, затоа што се релизирани, одиме напред, имаме нови политики кои се во интерес на граѓаните, рече Николовски.

Концептот за враќање пари кај граѓаните дава одлични резултати и на тоа сме горди. Минималната плата е зголемена за само 2,5 години за над 60% процени. Ја зголемивме на 14.500 денари а од наредната година ќе достигне и до 16.000 денари. Над 90 илјади семејства, работнички семејства, добиваат повисоки приходи. Дополнително, просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари. Е тоа е прав пат. Затоа на 12 април убедени сме, добиваме чист мандат, додаде Николовски во своето обраќање на граѓанската трибина „На прав пат“ во Крива Паланка која што се одржува во преполната сала „Бранители 2001“ во овој град.