25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски од Крива Паланка: Нашиот концепт за напредок, економски раст и пари кај граѓаните победува на 12 април

ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се пазарат или за амнестија или да ја спречат правдата. Тоа беше единствената обнова нивна во изминатите години и тоа е нивниот концепт, обнова на криминалот, на режимот, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Крива Паланка зборувајќи за различните концепти на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Нашиот концепт е различен. Заедно чекоревме, марширавме, за правда, за одговороност, за реформи во судството и од тоа ние не отстапуваме. Нашиот концепт е за безбедност, за сигурност, за членство во НАТО и ЕУ и силно стратешко партнерство со САД. Нашиот концепт е повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати, пензии, социјална помош, економски напредок и инвестиции, додаде Николовски.

Пред граѓаните на Крива Паланка Николовски порача дека прогресивните сили предовдени од СДСМ, заедно со граѓаните, нема да дозволат враќање на режимот.

-Јас сум првиот оперативец во СДСМ. Заедно со вас продолжуваме низ целата земја, со секој човек. Нема да дозволиме да се врати мракот, режимот, да се обнови криминалот, корупцијата. Затоа што не се чесни, не се одговори, се борат само за да не одговараат ќе бидат поразени. На овие избори на 12 април граѓаните избираат да продолжат по прав пат! рече Николовски.