Европскиот парламент попладнево ќе гласа за резолуцијата со која целта е да се осуди одложувањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија и да се даде поддршка за продолжување на политиката за проширување на Западен Балкан.
Во расправа со претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Доналд Туск и Жан Клод-Јункер, пратениците од ЕП ја осудија одлуката со која е одложен почетокот на пристапните преговори за Скопје и Тирана.
Пратеничките групи изработија нацрт-резолуција во која Европската народна партија (ЕПП), социјалдемократите, либералите, зелените и европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) укажуваат на штетноста и можните последици од новонастанатата ситуација кога е во прашање политиката на проширувањето на ЕУ.
Подносителите изразуваат длабоко разочарување од неможноста на Унијата да се согласи за почнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
ЕП во Резолуцијата нагласува дека недонесувањето одлука за старт на преговорите е стратешка грешка./Makfax