Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

САД го ратификуваа Протоколот за пристапување, Северна Македонија – 30 земја членка на НАТО

-Сенатот на САД вчера со огромно мнозинство, 91 глас за и само 2 против, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Со тоа преостануваат уште ратификации од уште само 4 земји членки, до официјално пристапување во НАТО, соопшти денеска СДСМ.

„Република Северна Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста – полноправно членство во НАТО Алијансата.

Членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

СДСМ продолжува со политиките што обезбедуваат развој, напредок и интеграција. Остануваме посветени на реализација на мерките што овозможуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК