Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за „360 степени“: Кога ВМРО-ДПМНЕ вели дека имаат опции за поништување на Договорот од Преспа, тоа значи блокирање на нашето членство во ЕУ и доведување во опасност на нашето членство во НАТО

И Груевски велеше дека е за ЕУ и НАТО, ама правеше сѐ за да не оддалечи од тие процеси, рече претседателот Зоран Заев, во интервју за емисијата „360 степени“, што се емитува на телевизијата Алсат-М, на прашањето зошто се оди на предвремени избори ако сите политички партии на лидерската средба кај Претседателот Пендаровски се согласиле дека сите се за членство во ЕУ и НАТО.

„Ако на избори граѓаните го дадат гласот за Зоран Заев можат да бидат сигурни дека нема отстапување од тој пат, од нашето членство во ЕУ и НАТО. Тоа ние го докажавме во изминатите две години и 4 месеци. Ако го изберат патот на Мицкоски, ќе добијат декларативни ветувања за ЕУ и НАТО, а вусшнот прават сѐ за да ги запрат овие процеси. Што друго може да се очекува кога првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе најдат начин да го поништат Договорот од Преспа. Што значи тоа освен блокирање на нашето членство во ЕУ и доведување во опасност на нашето членство во НАТО што е веќе завршена работа. Тоа веднаш ќе ги отвори болните прашања со нашите соседи, Грција пред се’, а потоа и Бугарија. Ваквите политики ако добијат мандат на изборите, ќе донесат блокада на нашето членство од овие наши соседи. Освен тоа, таквите политики ќе отворат процеси и во трети земји и појава на меѓуетнички тензии во државата“, додаде претседателот Заев на ова прашање.

Во продолжение тој истакна дека Северна Македонија веќе се препознава како општество без меѓуетнички односи и дека за тоа е доволно е да се погледне амбиентот на јавните настапи, настани и манифестации што ги организира или на кои е поканета владата, каде што се искажуваат почит и одобрување кон актуелните политики.

„Тое што Мицкоски вели дека го гушкале претставници на Албанците во Гостивар, бездруго мисли на Таравари и на членовите на неговиот тим со кој ВМРО-ДПМНЕ има коалиција во локалната самоуправа. Тешко е дека така лесно се заборава наративот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Албанците“, рече во интервју за емисијата „360 степени“ претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК