10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
qrf
МАКЕДОНИЈА

Заев: Тука е болката, барем да ни кажеа пред да го направиме Договорот од Преспа

Македонскиот премиер Зоран Заев во гостување на емисијата 360 степени зборуваше за ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој не даде зелено светло за Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ.

„Првпат се случува во историјата на ЕУ, да падне предлог на Франција за еврокомесар, и тоа помина две фази и падна. Калкулациите кога малите земји знаат да изразат спротиставеност со вака големите како Франција, предизвикувале кај него, тоа го слушнавме од други колеги, премиери, дека Франција уште тогаш го најавувала – па ќе видиме понатаму за проширувањето“, рече Заев, кој потоа се надоврза на тоа дека ваквиот став Франција требала да го истакне пред потпишувањето на Преспанскиот Договор. кој на некој начин беше карта за добивање датум за преговори.

„Или пред да го направиме Преспанскиот договор барем да ни кажеа, така? Тука е болката. Значи, тука е нефер и неправдата којашто ни е нанесена. Ние сме здраворазумни луѓе, нации, држави. Можеме да прифатиме, да ни се објасни. Слушајте, таква и таква дискусија има, тоа може тоа и тоа да предизвика“, потенцираше премиерот.

Спонзорирано: