24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев излегува со панични интервју

Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни. Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира. Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека граѓаните бараат обнова и сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ./Makfax