24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вебер: На Северна Македонија и на Албанија вратите им се затворија пред нос

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно го осудија одложувањето на одлуката на ЕУ за преземање нови чекори во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан.

„Постои нестабилност на Балканот, aние можевме да внесеме доза стабилност затоа што тоа е наша одговорност“, предупреди водачот на групата на Европската народна партија, Мафред Вебер.

За време на дебатата во Европскиот парламент, тој рече дека ниту Северна Македонија ниту Албанија не ја добиле перспективата што ја заслужуваат.

„Баравме многу од овие земји и сега вратите им се затворени пред нос. Ние го губиме кредибилитетот и тоа е сериозно“, рече Вебер./Makfax