Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека го извршиле разбојништво.
Двајцата тетовци на возраст од 22 и 21 година, на 14 октомври, со сила и закана употребена врз оштетениот, 17-годишен нивен сограѓанин, одзеле подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.
Откако сторителите го пресретнале оштетениот на улица, го сопреле и го удирале со тупаници, по што со закана од него одзеле 1.000 денари кои ги имал со себе и мобилен телефон марка „ајфон 5“.
Надлежниот обвинител му предложи на судот да определи мерка притвор за осомничените лица./Makfax