Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче во Тетово: Здравството е на прав пат, лекови достапни за сите, покачени плати за докторите, подобри услови за работа, се грижиме за лекарите и пациентите

Во своето обраќање пред присутните на граѓанската трибина „На прав пат“ во Тетово, Венко Филипче, претседателот на Комсијата за здравство се осврна на реформите во здравствениот систем, нагласувајќи дека во последните две години, покачена е платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти.

– Инвестираме и во младите лекари, за да го зајакнеме кадарот во здравството, но и нашите млади доктори да останат во јавното здравство и да работат дома, истакна Филипче додавајќи дека еднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворени врати во здравствените установи.

Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет. Ја сузбивме епидемијата предизвикана од невакцинирање на децата за само 6 месеци, не можеме да дозволиме деца да ни умираат, од болест која може да се спречи со вакцина и затоа инсистиравме на почитување на законите, рече Филипче.

Тој истакна дека е започната е постапката за изградба на нов Клинички центар во Скопје кој е најголемата инвестиција во здравството и кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Ограбена каса со добровилни прилози која била оставена во џамија, полицијата го истражува случајот

ДЕСК

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗЕМА ЗАМАВ, ДРАМА ВО ОСНОВНО ШКОЛО: 13 годишна ученичка нападната од четири повозрасни ученички

ДЕСК