24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Албански државјанин со автомобил удрил малолетничка во Дебар и побегнал

Малолетничка од Дебар се здобила со повреди откако во вечерните часови на 21 октомври во неа удрил автомобил, управуван од албански државјанин кој по инцидентот побегнал од местото.

Како што информираат од МВР, настанот се случил на дебарската улица Вељко Влаховиќ , а 32-годишникот од албанското село Боровјан управувал „мерцедес“ со англиски регистарски ознаки.

Откако удрил во малолетничката тој избегал од местото, а девојчето било пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош.

Дебарската полиција презема мерки за расчистување на случајот./Makfax