4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(фото) Лидерите пристигнаа кај Пендаровски – Се одлучува за итни избори

Во претседателската резиденција на Водно околу 17 часот пристигнаа лидерите на најголемите политички партии, каде треба да се договорат кога ќе има предвремени парламентарни избори.

Претседателот на државав ги собра лидерите по одлуката на ЕУ да не ни додели старт на преговорите.

На средбата пристигнаа лидерите на СДСМ Зоран Заев, ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.