Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Шекеринска на граѓанска трибина во Струга: Продолжуваме по прав пат до нова победа на брзи избори

Кога е најважно ние сме најбројни, кога е најсериозно ние сме обединети и тоа повторно ќе го покажеме, истакна заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанска трибина во Струга.

-Постои една порака многу јасна и најважна, ние нашето го испорачавме ,Европската Унија направи историска грешка. И тоа е порака испратена од највисоките претставници на Унијата. Со чист образ и многу долга листа исполнети обврски дојдовме во Брисел. Се она што зависеше од нас беше исполнето.Разбирливо е разочарувањето на граѓаните, но едно нешто останува јасно, ова што ни се случи не прави посилни, не прави повеќе убедени дека сме на вистинскиот пат и дека ќе победиме. Затоа од Струга праќаме порака дека веруваме во нашата држава и нашиот народ. Подготвени сме. Веруваме дека нашиот народ ја носи вистинската одука на брзи избори за да продолжиме по прав пат, рече Шекеринска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК