7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Што правеа три години во опозиција? Доколку има утре избори, Мицкоски нема ниту програма, ниту решенија за техничка Влада

Како ВМРО ДПМННЕ ќе излезе на избори без програма?

На денешната прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при одговарање на новинарски прашања, за тоа дали доколку има техничка влада дали знае кои функционери би биле дел од неа, тој истакна дека за партијата поважни биле процесите.

„За персонални решенија никогаш досега не сме разговарале. Нас ни биле секогаш поважни процесите и во името на тие процеси, ВМРО-ДПМНЕ така функционираше изминатите речиси две години, откако јас бев избран за претседател. Најпрвин да сочекаме да видиме што ќе се случува во деновите кои што следат, а потоа ќе следи и одговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Веруваме во човечкиот потенцијал, во кадровскиот потенцијал, веруваме во сопствените политики, дека ќе понудиме равенка која оваа држава ќе ја направи европска земја. Персоналните решенија ќе ги оставиме за друга дискуција. Но нас ни се важни процесите, а тие се поврзани со решенијата на оваа равенка“.

Со ова лидерот на ВМРО ДПМНЕ призна дека тие се уште немаат ниту програма, ниту решенија за евентуалната техничка Влада во која и тие ќе учествуваат.

Интересно е што и ВМРО ДПМНЕ ќе игра на карта на оцрнување на власта во Македонија дека таа е виновна за ваквата одлука на ЕУ, но тоа е многу контрадикторно, со оглед дека Доналд Туск, претседател на Советот на Европа излезе со јасна порака до македонската влада, дека Македонија ја завршила својата работа, но ЕУ не.

Сличен став произнесе дури и францускиот претседател Макрон, кој на состаноците порачал дека проблемот не е кај Македонија, туку кај Франција и ЕУ и дека тие прво треба да си ја средат својата куќа, па потоа да викаат гости.

Спонзорирано: