23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Милан Поповиќ ја демантира приказната на Северина дека наставниците го малтретирале нивниот син

Милан Поповиќ ги демантира тврдењата на Северина Коиќ (47) дека наставничките Марина и Петра го малтретирале нивниот син Александар (7) и не сакале да го пуштат да излезе од училницата.

„Игор Коиќ го испровоцирал инцидентот со своето насилно и несоодветно однесување поради што училиштето ја повикало полицијата“, тврди Милан Поповиќ.

„Можам да ви кажам дека се слушнав со детето во тој момент и нема никаква злоупотреба. Инцидентот беше провоциран за да создаде сензација. Беше провоциран од две причини – првата е да се создаде сензација да се привлече вниманието на јавноста кон Северина за промоција на нејзината нова турнеја, а втората е дека во моментот чекаме многу важна пресуда за една од постапките што ги водиме. Како и неколкупати порано, во очекување важна пресуда имаше такви јавни истапи од страна на Северина, во кои таа ги прозиваше институциите и со тоа вршеше притисок со надеж дека тоа некако ќе помогне во конечната пресуда во постапката“, рече Поповиќ, кој за „Јутарњи“ додаде дека станува збор за обид за заплашување.

Северина на прес-конференција рече дека нејзиното дете не сакале да го пуштат да излезе од училница и дека наставниците не дозволиле Игор Коиќ да го земе и да го однесе дома./Makfax