Пејачката Северина Коиќ (47) на прес-конференција упати сериозни обвинувања за училиштето на својот син. Таа тврди дека во училиштето каде што нејзиниот син е ученик во второ одделение на меѓународна програма, се случил инцидент кога на нејзиниот сопруг, кој редовно го зема детето од училиште, не му го дале, туку наставничките го заклучиле во училиштето, физички и психички го повредиле и така го држеле цели два часа.
„Иако, според судскиот договор, мојот сопруг има право да го земе детето од училиште, сепак директорката на училиштето, која има многу тужби од други мајки, се согласи со таткото на моето дете дека никој, освен мене, не може да го земе детето, па јас сум единствената мајка што не може да си ја заврши работата. Јас сум единствената мајка која не може да биде болна. Имено, им испратив извинување затоа што имав помала лична повреда на проба за танц и слично. До денес никој не ме повикал од училиштето, добивам заканувачки имејлови од таткото на моето дете, а тоа не сака да оди на училиште затоа што претрпе голема траума“, вели пејачката раскажувајќи ја ситуацијата што наводно се случила.
„Го влечеле за рацете, за рамената, сето тоа го има во лекарскиот наод. И му се заканиле дека ако стане од столот, затоа што викал дека сака да оди кај Игор, ќе добие ќотек. По два и пол часа малтретирање, директорката, која не се појави во училиштето, рече дека таткото дал дозвола мојот сопруг да го земе детето“, тврди Северина.
Според пејачката, таа морала јавно да ги сподели овие информации.
„Јас сум единствената мајка што не може да објавувам фотографии од својот син на ‘Инстаграм’ бидејќи мојот поранешен тоа го реши на сомнителни начини“, тврди Северина.
Директорката на училиштето, пак, рекла дека се воздржуваат од секаков коментир заради благосостојбата на децата затоа што верува дека секое од нивните деца заслужува да има спокојно, односно мирно детство.
Овие обвиненувања доаѓаат во пресрет на судската одлука за старателство над детето. Рочиштето е закажано за крајот на ноември./Makfax