23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

По веста за договорот, фунтата достигна 5-месечен максимум

Фунтата порасна во однос на доларот денес, откако британскиот премиер Борис Џонсон откри дека е постигнат договор за брегзит со Европската Унија.

Стерлингот се зголеми за 1 процент над 1,29 долари утрово, што за валутата значи петмесечен максимум.

Фунтата се зголеми за повеќе од 6 проценти во однос на доларот оваа недела бидејќи постоеше надеж дека ќе се постигне договор за брегзит.

Фунтата, исто така, се зголеми за 0,5 проценти во однос на еврото, па фунтата вреди 1,1129 евра./Makfax