23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Го продал „поршето“ освоено на натпревар, а по два дена освоил уште едно

Водоинсталатерот Том Харви (28) од Дартфорд, Велика Британија, прв пат освоил „порше 911 карера 4 ГТС“ од 110 000 фунти на онлајн натпреварот на брендот БОТБ 2017, заедно со 20 000 фунти во готово.

Минатата недела тој ја продал својата награда заради депозитот за куќата, но само по дена тој повторно освоил автомобил, овој пат „Макан С“ вреден 50.000 фунти, плус дополнителни 20.000 фунти во готово.

„Мора да сум еден од најсреќните луѓе на планетата во моментот“, рекол Харви.

За другата награда дознал кога бил со неговиот татко Бил во Есекс на курс за водоинсталатери.

„Мислев дека никогаш нема да победам, а камоли двапати“, признал Харви./Makfax