24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Зоран Заев ги повика лидерите на ЕУ да не бидат пречка, туку да бидат херои – ни треба одлука за преговори сега и веднаш

– Втор пат оваа година нашата земја и нашито народ се во големо исчекување и очекување. На крајот на јуни и почетокот на јули од Брисел стигна пораката дека С. Македонија ги исполнила очекуваните резултати но дека само заради календарските усогласување на членките во ЕУ, добрата вест ќе ни стигне во Октомври, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција во Брисел, која ја оддржа заедно со еврокомесарот Јоханес Хан.

– Еве го октомври, дојдовме во Брисел и ја очекуваме заслужената вест за одлука да почнеме преговори за нашата стратешка цел, членство на Северна Македонија во Европската Унија. Пристапивме искрено и чесно, разбираме и прифаќаме дека оделни членки на европската унија имаат потреба да ја отворат и заокужрат дебатата за новата методологија за преговори, и ние сме за тоа. Сепак сигурни сме дека и двата процеси можат и мора да одат паралелно. Методологијата може да се развие и спроведе и тоа никако не пречи С. Македонија да добие позитивна одлука сега и веднаш. За да ги започнеме преговорите со пристапување одлука, ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Одлуката за започнување на пристапните преговори за нас значи нов процес на задачи, рокови и упорна работа на граѓаните, институциите и целото општество. Тоа е процес на отворање на поглавја, кои ќе ни овозможат да ги постигнеме стандардите на Европската унија и да го подобриме животот во Македонија во сите области, рече премиерот Заев.

– После десет позитивни препораки на европската комисија, оптимистичките заклучоци на советот во 2018 и 2019-та година и сите наши потврдени резултати и реформски зафати, после се што направивме ВЛадата, парламентот, сите институции, јас како премиер, опозицијата, особено мојот народ, сигурни сме и убедени како никогаш досега дека треба да започнеме со преговорите, тоа е така дека сме подготвени и политички и институционално. И граѓаните ни се повеќе од подготвени, сработивме многу и спремни сме за уште повеќе работа и за соочување со сите предизвици што ги носи процесот. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти. Ќе има високо ниво на разочарување кај граѓаните и меѓу членовите на парламентот кои го поддржаа спроведувањето на договорот од Преспа. Да не заборавиме дека спроведувањето на договорот од Преспа е поврзано со отворањето на поглавјата за Европската Унија. Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекуваната и заслужена одлука, тогаш кредибилитетот на ЕУ и довербата на граѓаните кон Унијата можат да бидат ставени под знак прашалник. Ова со сигурност ќе ги потикне регресивните сили во земјата и ќе ги зајакне силите на третите стрнаи во регионот, вели Зоран Заев.

– Ако Европската Унија покаже отсуство или слабост тогаш третите страни ќе го пополнат вакуумот. Затоа почитувани лидери на ЕУ, немојте да ги гасите светлечките ѕвезди кон кои се стремиме, немојте да станете нашата пречка, бидете нашите херои. Почетокот на преговорите ќе ни помогне да потикнеме уште посилен ангажман на сите групи и заедници во нашата земја, да создадеме повеќе работни места и да ги задржиме младите дома ангажирани и посветени, истакна македонскиот премиер Зоран Заев попладнево од Брисел.