Тала Аламудин Ле Талец (47), сестра на адвокатката за човекови права Амал Клуни, сопруга на Џорџ Клуни, беше осудена на три недели затвор и казна од 6.400 долари за неколку сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, таа е осудена за возење во пијана состојба и ќе ѝ биде одземена возачката дозвола на четири години откако ќе излезе од затвор.
Тала живее во Сингапур, каде што ја запрел полицаец кој утврдил дека е пијана и дека вози без посебна сингапурска возачка дозвол и автомобилско осигурување. Како што било утврдено во судот, Тала го зела автомобилот без согласност на нејзиниот сопруг, Никола Ле Талец, што претставувало уште едно обвинение против неа.
Полицаецот што ја запрел Тала рекол дека мирисала на алкохол, била збунета и не можела да одговори на прашањето каде оди.
На Тали, која во Њујорк се преселила од Сингапур, ова ѝ бил втор прекршок за возење во пијана состојба.
Мајката на четири деца и сопственичка на модната линија „Тотал Тала“, како што изјавил нејзиниот адвокат, изразила длабоко и искрено жалење поради своите постапки и кажала дека трпи последици поради несаканиот публицитет и објавувањето на медиумите./Makfax