Актерката Зои Кравиц ќе ја игра Жената-мачка во новата интерпретација на франшизата за популарниот суперхерој, со тоа што Роберт Патинсон го глуми Бетмен.
Блокбастерот во продукција на „Ворнер брос“, а во режија на Мет Ривс, е предвидено да започне со снимање во Велика Британија во јануари, објави The Wrap.
Ривс, кој ги режираше последните два филма „Планетата на мајмуните“, ја наследи улогата на режисер од Бен Афлек, кој го напушти проектот.
Продуцентите објавија во мај дека Патинсон ќе го игра Бетмен, а таа вест предизвика различни реакции.
Кравиц, 30-годишната ќерка на Лиса Бонет и музичарот Лени Кравиц, глуми во „Големите мали лаги“ на „Ејч-би-о“, чие снимање заврши во јули. Покрај тоа, таа глумеше во хитови како „Mad Max: Fury Road” и „X-Men: First Class”, 2011.
Новиот Бетмен е предвидено да започне да се прикажува во јуни 2021 година.