25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Возеле под дејство на алкохол, без возачки дозволи и не почитувале сообраќајни прописи – МВР со многу казни низ Скопје

Во текот на 14.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека три возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 22 возачи, од кои: три возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 12 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз на црвено светло и еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 88 мандатни платни налози и 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.