Пет лица во Тетово и Гостивар се приведени откако при полициска контрола кај нив била пронајдена марихуана.
Вчера околу 21.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(32), Х.Ц.(25) и В.Д.(25), сите од Гостивар, затоа што при нивен личен и преглед на возило „опел астра“, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана и таблети екстази. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во 00.50 часот во с.Требош, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Е.Х.(27), двајцата од с.Доброште, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген поло“, во кое биле двајцата, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок./Makfax