Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Васев: Мицкоски молчи и не одговора, што е тоа што не сака да се открие за неговите хидроцентрали?

Хидро Мицкоски молчи и не одговора: На што се должи неговата најава за повлекување од бизнисите со хидроцентралите? Што сака Мицкоски да сокрие со ваквиот негов потег? – праша на денешната прес-конференција Стефан Васев од СДСМ.

– Јавноста знае дека Државната комисија за спречување на корупцијата веќе има отворено предмет токму против него и неговите бизниси со хидроцентрали. Колку за потсетување, Мицкоски бизнисот со хидроцентрали го добива во време кога е наводно про боно советник на неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски. Тоаа е класичен судир на интереси, рече Васев.

-Наводниот про боно советник, во 2015 година во конзорциумот во кој удел има Мицкоски, од Владата на неговиот ментор Груевски добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала. Во меѓувреме официјални податоци ја демантираат неговата лага дека уделот е само 7 отсто. Официјални документи покажуваат дека во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена во сопственичката структура, со пренос на уделите. Со ваквиот пренос, „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот „Минка-Енерготек“ има удел од 99 отсто. Молкот на Хидро Мицкоски за овие прашања отвара сериозни сомнежи. Затоа го повикуваме да излезе пред јавноста и да одговори на јавно поставените прашања, додаде тој.

https://youtu.be/zf37KxaktIs

Можеби ќе ве интересира

Со нови 215.000 садници, Халкбанк и оваа сезона ја продолжува иницијативата „Еден милион садници за 5 години“

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК