Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Што е тоа Мицкоски не сака да се открие за неговите хидроцентрали?

Откако Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет против Христијан Мицкоски и неговите хидроцентрали, Мицкоски најави повлекување од бизнисот, рече Стефан Васев од СДММ.

– За потсетување, Мицкоски бизнисот со хидроцентрали го добива во време кога е советник на неговиот ментор Никола Груевски.

Тоа е класичен судир на интереси.

Во 2015 година, кога Мицкоски бил советник кај Груевски, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, токму од Владата на Груевски добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Истовремено, не е точно дека уделот на Мицкоски е само 7 отсто.

Официјални документи покажуваат дека во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена на сопственичката структура, со пренос на уделите.

Со таквиот пренос, „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот „Минка-Енерготек“ има удел од 99 отсто, додека Минка-ДА ДОО Струмица има удел од само 1 (еден) отсто.

Кои се вистинските причини за овој потег на Мицкоски?

Од што се плаши Мицкоски да не се открие во овој случај?, праша Васев.