6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

На повидок нова мерка на Владата на Зоран Заев: Намалување на цената на зелениот картон и регистрацијата на возила во Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека се преговара за намалување на зелениот картон, бидејќи е скап и граѓаните е не го купуваат.

– Разгледуваме варијанти да го поевтиниме зелениот картон. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон, рече македонскиот премиер на денешната трибина во Куманово.

Инаку според сознанија на Centar.mk во тек се разговори со осигурителните компании околу оваа мерка, а епилогот од преговорите ќе се знае наскоро.

Заев меѓудругото најави намалување на цената на регистрирање на возилата.

Сега плаќаме од 1850 до 5536 денари за зелен картон на годишно ниво

Зелениот картон, кој е обврска за граѓаните кои сакаат да патуваат од земјава претставува голем трошок.

Цената на годишно ниво се движи од 1850 денари за месечен зелен картон, до 5536 денари за зелен картон на годишно ниво.

Цените се следни: Патнички возила до 66 KW – годишен 3.690 ден., Патнички возила над 66 KW – годишен 5.536 ден. ,Патнички возила до 66 KW – месечен 1.850 ден.

Патнички возила над 66 KW – месечен 3.075 ден.

Но во Европската Унија зелениот картон се издава како дел од премијата за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (автоодговорност).

Спонзорирано: