Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Добра вест: Заев предмалку од Куманово најави ново зголемување на минималната плата

Изминатите две години, креиравме и спроведовме мерки што обезбедуваат еднаква шанса за сите и носат повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Куманово.

-Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети. Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значано покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе, рече Заев.

Со субвенциите до 100 евра за задолжителното осигурување на сите кои ќе ги зголемат платите, ќе поттикнеме нов раст на сите плати во државата, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +