Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Револуционерна мерка: Заев најави намалување на цената на зелениот картон и регистрирањето на возила

– Веќе разгледуваме варијанти за да го поевтиниме зелениот картон, затоа што нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон. Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго, рече премиерот Зоран Заев на денешната трибина “На прав пат” во Куманово.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставниме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ги рационализираме и намалиме регистрацијата на возилата која што ја имаме, оти и тоа е да им остаивме пари на граѓаните назад кон граѓаните. Така да работиме на намлување на цената на Зелениот картон, рече премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +