Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Куманово: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со успехот на државата па со обидуваат да ја спречат интеграцијата во ЕУ и НАТО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со напредокот, тоа што на чекор сме од почеток на преговори и затоа со разни сценарија и конструкции се обидуваат да ја спречат интеграцијата во ЕУ и НАТО, порача претседателот Заев на граѓанска трибина во Кумново.

– Им порачувам на оние кои повеќе ги сакаат кривите патишта , беспаќата и слепите улици, отколку да ни се приклучат на правиот пат, дека национализмот е оддамна излезен од мода. Треба да знаат дека на светот постојат разни отрови, но нема поголем отров од национализмот, порача Заев.
Во обраќањето Заев се осврна и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

– Оние од ВМРО ДПМНЕ имаат три основни проблеми и тоа со срцето, со душата и со петите. Прво, срцето им се кине ако започнеме преговори со ЕУ. Второ, душата ги боли ако станеме земја-членка на НАТО, и трето, имаат сериозно оптоварување на петите, бидејќи со разни сценарија и конструкции, од петни жили напнуваат да го спречат и едното и другото. Зошто? За да не се случи тоа во времето на Заев и СДСМ. Добрите дела треба да останат безимени во интерес на татковината и во интерес на сегашните и идните генерации кои живеат во Северна Македонија. Се друго е минливо, порчаа претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +