14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Претставници на СДСМ на повеќе локации го одбележаа празникот 11 Октовмри – Денот на народното востание

По повод 11 Октомври „Денот на народното востание“ партиски делегации на СДСМ во Прилеп, Куманово и Скопје го одбележаа празникот и оддадоа почит на загинатите.

Во Куманово, делегација предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски придружуван од Тања Стојановска Иванова, Пеце Мирчевски и Мартин Костовски, положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.

Потоа генералниот секретар Николовски имаше свое обраќање на традиционалниот пикник по повод 11 Октовмри во организација на ОО СДСМ Куманово, на кој присуствуваше и претседателот Зоран Заев.

Во Прилеп, делегација предводена од потпретседателот Коста Петров, придружуван од Соња Карапец и Дејан Павлески оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените

Потоа делегацијата се приклучи на маршот во чест на паднатите борци од Участокот до Паркот на револуцијата.

Во Скопје, партиска делегација предводена од Андреј Жерновски придружуван од Тања Томиќ и Дарио Николовски оддаде почит на Партизанските гробишта во Бутел.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +