14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Настап на градскиот дувачки оркестар по повод 11 октомври

Денеска, 10.10.2019 година, (четврток) по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.

На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:

– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Патриотска чекорница
– Народе македонски
– Работнички марш
– Ваташа
– Огномет на слободата
Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.