Почна поставувањето на новите корпи за отпадоци, за почеток на Широк сокак. По констатираната состојба на терен, ЈП „Комуналец“ набави 130 корпи за отпадоци.
Новите корпи ќе бидат поставени во централното градско подрачје, додека, пак, постарите ќе бидат отстранети, репарирани и ќе бидат наместени на други места во градот каде што има потреба.
Работните активности ќе продолжат и во наредните денови со зголемена динамика, а ќе бидат поставени и нови контејнери./Makfax