24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Добитник на лото стана побогат и од најбогатите славни личности во Британија

Сопственик на лото ливче од Велика Британија го освои џекпотот на „Евромилион“, со што стана најбогат Британец добитник на лото. Како што пренесуваат британските медиуми, ако се работи за една личност, тогаш тој ќе стане побогат и од најбогатите славни личности во Велика Британија. Меѓу нив се споменуваат Сер Том Џонс, младиот пејач Ед Шеран, Адел и други.

Операторот на националната лотарија изјави дека добитникот освоил џекпот од 170.221.000 фунти. Добитникот допрва треба да биде менуван и не е познато дали се работи за личност, семејство или синдикат.

Добитните броеви биле 7,10,15, 44, 49, со 3 и 12 избрани за среќни броеви.

Ако победникот е поединец, неговото ново пронајдено богатство ќе му заработи место на листата на 1.000 најбогати луѓе на „Сандеј Тајмс“, кои живеат во Велика Британија или имаат британски бизнис врски./Makfax