24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: На прав пат сме, по 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово-Бељаковце-К.Паланка

Државниот долг е 30.4 отсто, а јавниот долг според последните официјални информации е 46 отсто, што е многу далеку од тоа што вие го проектиравте. –истакна пратеничката на СДСМ , Јагода Шахпаска во реплика на денешната собраниска седница.

Таа посочи дека работењето на оваа Влада е транспарентно и отчетно, што не беше пракса за работењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беа на власт. Време кога не се знаеше ниту колку вработени има администрацијата , ниту колку се долговите на општините. Со доаѓањето на СДСМ на власт имаме бројка јавно достапна за број на вработени, а исто така оваа власт со посебна мерка обезбеди исплата на 50 отсто на долговите на општините, со цел нивно деблокирање и нивно непречено функционирање. -посочи Шахпаска.

Вие го направивте проектот Скопје 2014 година , но не го исплативте. Сето тоа се долгови кои актуелната власт ги наследила и ги менаџира.-рече Шахпаска.

Конечно, за прв пат после 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово- Бељаковце, каде што за 15 години беа изградени само 23 отсто од неа. Оваа пролет можеме да очекуваме финиширање на првата фаза на железницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка.-истакна Шахпаска.

Таа додаде дека обезбедени се и два гранта за изградба на втората фаза од 68 милиони евра и за третата фаза од 60.8 милиони евра, за оваа железничка линија.

Истовремено изградена е и пругата од Битола до Кременица кон граничниот премин со Грција во должина од 16 км, за што беа издвоени 21 милион евра.
Од тука произлегува дека тезата дека ништо не се гради, не е точна.-истакна Шахпаска.

Во насока на зачувување на животната средина и борбата против аерозагадувањето е и обезбедувањето на 40 милиони евра за набавка на еко инвертори за домаќинствата во најзагадените градови Скопје ,Тетово,Битола и Кичево. Што воедно е прва мерка од ваков тип со цел намалување на загадувањето. – заврши Шахпаска.