Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски се определи за Груевски по секоја цена, го брани неговиот криминал, се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител

Мицкоски се определи за Груевски по секоја цена, го брани неговиот криминал, се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, велат од СДСМ во вечерашното соопштение кое го пренесуваме интегрално:

Христијан Мицкоски не собра сили да се огради од криминалот и злоделата на неговиот ментор и шеф Никола Груевски.
Со тоа, Мицкоски се определи за Никола Груевски по секоја цена.

Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски.

Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои насилно упаднаа во Собранието.

Со такви ликови се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот
Лажните преродби и обнови се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски. Членството во НАТО и ЕУ и носењето на парите кај граѓаните е правиот пат.

По неколку изборни порази Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготвуваат за нов пораз на наредните избори, кога и да се.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК